Home Здравје Калинка - црвена витаминска бомба

Калинка – црвена витаминска бомба

Конзумирањето на здрав зеленчук и овошје е потребно не само во ладниот зиски период, туку во целата година. Основата на здравиот живот е всушност зајакнување на имунитетот преку различни начини: редовна физичка активност, правилна и балансирана исхрана, правилна хидратација, доволен внес на витамини во организмот и доволно количество на сон. Во продолжение ви преставуваме една од најздравата сезонска намирница, која ја нарекуваат храна на боговите – калинката.

Да тргнеме од фактот дека секое годишно време има свое сезонско овошје и зеленчук кое е препуно со витамини и други хранливи состојки. Во есента и зимата, односно генерално во ладното време добро е што имаме на располагање на голем број здрави намирници со кои можете да направите здрави, вкусни и хранливи оброци.

Зошто баш калинката ? 

Калинката е мистериозно овошје кое потекнува од Персија, но е карактеристично и омилено за секоја култура и религија поради повеке причини. Една интересна работа за калинката е тоа што соддржи точно 613 семки.Многу научно медицински истражувања ги потврдиле нејзините лековити својства.

Кои се тие познати својства на калинката ?

1. Калинката го храни мозокот – докажано е дека со редовна конзумација на ова овошје, се спречува добивање на Алцехајмерова болест кај постарите луге. Поточно, по спроведените испитувања, докажано е дека лугето кои редовно конзумирале сок од калинка имале подобри резултати во тестирањето на меморијата.

2. Калинката помага кај кардиоваскуларните болести. Срцевите болести се застапени кај значаен процент на светската популација. Она на што калинката конкретно делува е регулацијата на високиот крвен притисок, намалувајки го дури за 20%. Ова се однесува на конзумирање калинка – сок од калинка (природно добиен, а не индустриски)  на дневно ниво (доволно е 50 грама). Исто така калинката  го намалува холестеролот, а воедно и спречува крвни згрутчување во артериите.

3. Докажано е дека калинката допринесува намалување на ризикот од заболувања на одредени канцери, а успешна е и како лек кога веке е настапена самата болест, бидејки одредени честички на калинката допринесуваат смалувања на ризикот на добивања рак на дојка, а и успешно спречува раст и развој на туморните ткива.

4. Калинката е одличен антиоксиданс, соддржи витамини А и Ц во количини кои на дневно ниво задоволуваат 15% од потребното количество на овие витамини. Калинката успешно го зајакнува и чува имунолошкиот систем. Исто така, калинката е добар извор и на витаминот Б и калиум.

5. Семките од калинката се препуни со железо, па се препорачува кај лугето кои имаат анемија или генерално имаат проблем со слабо железо. Ја намалуваат вртоглавиџата и констатните мигрени.

6. Сите кои боледуваат од некако вид на анкциозност или депресија, и се препорачува конзумирање на калинка, преку семки или преку природен сок бидејки на тој начин се влијае на нивото на сератоните во организмот на одредена особа.

7. Редовно козумирање на калинка (една дневно) поволно влијае на централниот нервен систем и ги ублажува симптомите на предменструалниот циклус.

8. Исто така научно е докажано дека калинката ги намалува последиците од дијареа, акни и преставува добар сојузник на машката популација во процесот на репродукција.

Калинката има прекрасен вкус и секогап може да се искористи во сите оброци , небитно дали е доручек, ручек или касна вечера.

Затоа наоружајте се со здрави намирници, додека трае ладното време. На вас е да донесете и  правилна одлука за вашето здравје, со спортски навики кои ние исто така ги поддржуваме.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

3 начини да стекнете навика за вежбање

Кога станува збор за вежбање, една работа на која честопати се фокусираме е мотивацијата. Што се однесува до мотивирање да го сторат тоа и да...

Веганска диета наспроти други диети: Која е најдобра?

Веганските диети се зголемија во популарност последниве години. Всушност, некои извори објавија за 600% зголемување на бројот на луѓе кои се идентификуваат како...

Може ли алкохолот да го наруши мускулниот раст?

Дали да се вклопуваме и да се здобиеме со мускул, значи дека треба да го елиминираме алкохолот? Многумина од нас уживаат во неколку...

Зошто е време за новогодишна револуција во резолуција

Има одредена енергија што доаѓа со нова година, наплив на мотивација е толку силна, нè убедува дека ова е година во која конечно ќе изгубиме...

Воспаление на јајниците – природен лек

Воспаление на јајниците (оофоритис) е вид на воспалителна болест на карлицата која е предизвикана од ширење на микроорганизми од долните делови на женскиот сексуален систем. Воспалението обично...
loading...