Home Здравје Неверојатни бенифиции од пиењето на зелен чај кој можеби не ги знаевте

Неверојатни бенифиции од пиењето на зелен чај кој можеби не ги знаевте

Зелениот чај е полн со антиоксиоданти кои ни помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем.
Но еве некои работи кои можеби не ги знаевте :

  1. Ве прави да изгледате помлади

Бидејќи зелениот чај помага во борбата против воспалението и го забавува стареењето на клетките (благодарение на антиоксидантите!), може да го намали развојот на брчки и да ја направи вашата кожа да изгледа посветла и помлада. Применете го и локално!

Може да помогне и од изгореници од сонце. Нанесете го на вашата осетлива кожа со помош на памук.

2. Ве прави попаметни

Според една студија спроведена на Универзитетот во Базел во Швајцарија, екстрактот од зелен чај може да ја подобри комуникацијата помеѓу делови од нашиот мозок.

Кога учесниците во студијата консумирале екстракт од зелен чај (во протеинска пијалак), тие постигнале подобар резултат на тестовите за краткотрајно меморија отколку учесниците кои не пиеле зелен чај.

Одделна студија спроведена на глувци покажала дека зелениот чај ги штити мозочните клетки од умирање и враќање на оштетените мозочни клетки.

3. Помага во стопување на килограмите

Истражувањата покажаа дека зелениот чај може да помогнат во покачување на метаболизмот и зголемување на оксидацијата на мастите.

Една студија покажала дека оние кои пиеле зелен чај изгубиле просечно 1,5 килограми за време на тримесечен период, додека се придржувале кон нивната редовна исхрана.

4. Ви овозможува здраво срце

Една неодамнешна студија од болницата Џон Хопкинс, која се состоела од 6 000 учесници, покажала супер здрави резултати за срцето!

Репортерот на студијата, Кетлин Дохени, рекла дека луѓето кои пиеле една чаша чај дневно имале околу една третина помалку ризик од голема болест на срцето за време на студијата, отколку оние кои не пиеле чај.

Исто така, “Чај алкохоличарите” – кои пиеле од една до три чаши дневно , покажаа пад во изградбата на калциум во нивните артерии”.

Само треба да  запомнете дека зелениот чај има кофеин, затоа треба да се конзумира под пет чаши дневно!

5. Ви дава посветла насмевка

Некои студии покажаале дека катехинот (антиоксидант кој се наоѓа во зелениот чај) може да ги уништи бактериите и вирусите кои предизвикуваат инфекции на грлото, кариес и други стоматолошки состојби. Со тоа се олеснува и дишењето.

Со цел да ги добиеме сите овие придобивки, не  треба да се додава врела вода во чајот! Откако ќе го варите котелчето, прво оставете водата малку да се излади, а потоа истурете ја на чај и почекајте неколку минути пред да пиете.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

3 начини да стекнете навика за вежбање

Кога станува збор за вежбање, една работа на која честопати се фокусираме е мотивацијата. Што се однесува до мотивирање да го сторат тоа и да...

Веганска диета наспроти други диети: Која е најдобра?

Веганските диети се зголемија во популарност последниве години. Всушност, некои извори објавија за 600% зголемување на бројот на луѓе кои се идентификуваат како...

Може ли алкохолот да го наруши мускулниот раст?

Дали да се вклопуваме и да се здобиеме со мускул, значи дека треба да го елиминираме алкохолот? Многумина од нас уживаат во неколку...

Зошто е време за новогодишна револуција во резолуција

Има одредена енергија што доаѓа со нова година, наплив на мотивација е толку силна, нè убедува дека ова е година во која конечно ќе изгубиме...

Воспаление на јајниците – природен лек

Воспаление на јајниците (оофоритис) е вид на воспалителна болест на карлицата која е предизвикана од ширење на микроорганизми од долните делови на женскиот сексуален систем. Воспалението обично...
loading...