Home Здравје Печурки - вкусни, но дали се добри за здравјето ?

Печурки – вкусни, но дали се добри за здравјето ?

Многу години печурките имаат служат како уникатен начин за да се додаде одреден вкус на различни јадења. Иако всушност тие се габи, ги сметаме како зеленчук. Печурките овозможуваат екстра вкус на  вашите рецепти без притоа додавање на сол или масти.

Печурките можат да се најдат во различни облици, големини и бои. Тие кои не се отровни, се предобри за вашето здравје, а се исто така и превкусни.

Отровните печурки тешко можат да се препознаат во природата и потребно е големо познавање за да се препознаат. Затоа препорачуваме доколку сакате и имате во план да конзумирате печурки, истите да ги набавите во маркет.  Постојат повеќе видови на печурки, но најчесто во маркет може да ги најдете : 
 – Шампињони
 – Буковка
 – Врган 
 – Шитаке 
Секоја од овие печурки си има посебен уникатен изглед и вкус.


Бенефити од јадењето на печурки 

Не можете да погрешите во врска со печурките. Тие се без масленост, со мала калоричност и без холестерол. Исто содржат растителни влакна, витамини и минерали. Преставуваат добар извор на следните хранливи материи.

Антиокседанси
Антиоксиедансите помагаат да се заштити телото од срцеви болести и рак. Исто така го зголемуваат вашиот имунитет и го спорат стареењето. Печурките се богати со аксиодансот – селениум. 

Бета глукан
Бета глукан е форма на растворливи диетални влакна што се силно поврзани со подобрување на холестеролот и зголемување на здравјето на срцето. Исто така, може да му помогне на вашето тело да го регулира шеќерот во крвта, намалувајќи го ризикот од дијабетес тип 2. Се верува дека шитаке печурките имаат се најдобар извор за ова.

Б витамин 
Печурките се богати со витаминот Б: рибофлавин, ниацин и пантотенска киселина. Комбинацијата помага да се заштити здравјето на срцето. Рибофлавинот е добар за црвените крвни клетки. Ниацин е добар за дигестивниот систем и за одржување на здрава кожа. Пантотенската киселина е добра за нервниот систем и му помага на телото да ги направи хормоните што му се потребни.


Бакар
Бакарот му помага на вашето тело да создава црвени крвни клетки, кои се користат за испорака на кислород низ целото тело. Минералот е исто така важен и за другите процеси во телото, како за одржување на здрави коски и нерви. Дури и откако ќе се готви, 1-чаша порција на печурки може да обезбеди околу една третина од дневно препорачаната количина на бакар.

Калиум
Калиумот е исклучително важен кога станува збор за срцето, мускулите и нервната функција. Има околу  2/3 калиум во една печурка , од нивото на калиум во банана со средна големина.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Воспалителни инфективни болести во текот на летото

Воспалителни болести е најчеста заразна болест во светот. Често е да се пренесат преку фекално-орален пат, што значи дека предизвикувачките агенси се секретираат...

Идеална летена рутина после-тренинг

Летото носи голем број на можности за свеж воздух и фитнес. Здравствените ентузијасти често ги земаат своите тренинзи на отворено. Сепак, скокот на температурата...

Маратонски тренинг и совети за почетници

Трчањето маратон е неверојатна цел за тркачите, но тренингот за маратон и самата трка не е нешто што треба да се преземат...

Вежби за грбот – вежби за грб и рамо, без опрема или тегови

Вежбање дома за болки во грбот е добар начин на кој може да се решат проблемите предизвикани од долго стоење или седење. Покрај тоа, можете да...

Сладолед (без јајца и млеко) – бадеми, смокви и лаванда

Бадемите спаѓаат во најпопуларните ореви во светот. Тие се многу хранливи и богати со здрави масти, влакна, протеини, антиоксиданти, витамини и минерали, исклучително магнезиум.
loading...